Детска игротека

Симба

Играат. Учат. Растат.

Едукативен дневен престој за деца од предучилишна и школска возраст — безбедна, топла и креативна средина каде секој ден е ново авантуристичко искуство.

Започни тука

Цел на вебсајтот

Вебсајтот има три главни цели:

  • 1 Да ја претстави игротеката професионално пред родителите
  • 2 Да објасни јасно што нуди секоја група
  • 3 Да создаде доверба преку транспарентност, блог и активности

Дополнително, вебсајтот ќе служи како комуникациска платформа помеѓу родителите и тимот.

Почетна страница

Симба е детска игротека со едукативен дневен престој, наменета за деца од предучилишна и школска возраст. Нашата цел е децата да играат, учат и растат во безбедна, топла и креативна средина.

Преку внимателно осмислени активности, работилници и игра, го поттикнуваме:

  • психомоторниот развој
  • социјалните вештини
  • креативното изразување
  • самодовербата кај децата

Нашиот тим го сочинуваат воспитувачи, негуватели и психолог, кои со посветеност и внимание го следат развојот на секое дете.

Во Симба секој ден е ново авантуристичко и училишно искуство.

Наш пристап

Нудиме целосна поддршка за правилен раст и развој преку комбинација од:

  • структуирани активности
  • слободна игра
  • движење
  • креативни работилници

Психомоторен развој

Груба моторика:

  • трчање, скокање, качување
  • фаќање топка, рамнотежа

Фина моторика:

  • боење, сечење, редење, моделирање

Социјално-емоционален развој

Децата учат:

  • трпение
  • меѓусебна почит
  • комуникација
  • соработка

Когнитивен развој

Преку игра се развиваат:

  • концентрација
  • внимание
  • логичко размислување

Секое дете напредува според своето темпо во безбедна и стимулирачка средина.

Програми

0 – 3 години

Дневен престој

Нудиме згрижување, социјализација, грижа и заштита. Кога условите дозволуваат, децата поминуваат време во природа, на свеж воздух и природна светлина.

Активности

  • креативни работилници
  • песни, учење бои и броеви
  • социјални активности
  • стимулирање на когнитивен развој
  • развој на фина и груба моторика

Тим: Негувател: Ивана · Воспитувач: Љубица

3 – 5 години

Група 3 – 5

Фокус на развој на моторика, комуникација, социјални вештини и емоционална стабилност.

Програма

  • насочена 30-минутна активност
  • психомоторни активности
  • систематско следење на развојот

Тим: Љубица (лиценциран воспитувач) · Светлана (негувател) · Јасмина (психолог, гешталт психотерапеут)

5 – 6 години

Preschool група

Главна цел: подготовка за училиште.

Програма

  • 3 × 30 мин насочени активности (дете седи во клупа — одличен бенефит за почеток на училиште)
  • секој ден време во природа
  • учење во мала група, развој на концентрација

Дополнително

  • час по англиски секој петок
  • неделни посети на различни професии (стоматолог, пожарна, занаетчии…)

Наставник: Кики (професор по македонски и англиски)

6+

Престој за школска возраст

Прва смена

По школо: одмор и игра, активности во природа, изработка на домашни задачи. Помага на родителите околу домашна работа, читање и совладување на потешкотии во учењето.

Втора смена

Утрото децата доаѓаат во центарот, учествуваат во активности, потоа со превоз се носат во училиште.

Работа со учителка: Кристина Кузмановска

Родендени

Роденденски забави

Модерен простор за роденденски забави. Капацитет до 35 деца.

  • Вклучено: чаши, прибор, чинии, чинија за торта, салфетки
  • Родителите носат само тоа што сакаат да биде послужено

Дигитална платформа за родители

Вебсајтот ќе има 3 кориснички панели.

Панел за администратор

  • уредува содржини
  • уредува вработени
  • уредува блог

Панел за родители

  • гледаат дневни активности
  • гледаат фотографии и видеа
  • следат што правело нивното дете

Панел за вработени

  • прикачуваат слики и видеа
  • тагнуваат по деца
Приватност: Содржината се брише автоматски по 5–7 дена.

Дигитален маркетинг

Блог

6–8 објави месечно. Теми: детски развој, важноста на играта, воспитување, психолошки совети за родители.

Социјални мрежи

8–12 графики месечно: едукативни постови, активности од играотеката, блог содржини, настани.